Небојша Симовиќ, началникот на Рашкиот округ е пронајден мртов во неговиот стан во Краљево, неофицијално дознава порталот N1. Според неофицијални информации, Симовиќ се самоубил.

Дежурните полициски патроли се на лице место каде вршат увид. Според веб-страницата на Рашкиот управен округ, Симовиќ е роден на 25 јули 1962 година во Приштина. Основно и средно училиште завршил во родното место. Завршил Правен факултет во Приштина. Оженет, татко на три деца.

Од 1994 до 2004 година работел во Министерството за внатрешни работи – Секретаријат во Краљево, како инспектор за борба против економскиот криминал.

Со одлука на Владата на Република Србија, од 14 ноември 2014 година е именуван на функцијата началник на Рашкиот управен округ со седиште во Краљево.