Пред точно седум години, на 17 мај 2015 година, ден по свадбата на неговиот син Властимир, Раде Шефер (55) од српскиот град Сента уби шест лица во селото Мартонош, Шефер со ловечка пушка ги изврши грозоморните злосторства.

Раде Шефер ја уби младата невеста на својот син и уште петмина само ден по свадбата. Властимир Шефер сведочеше дека сакал да го убие и него, но снемал куршуми.

– Ја впери пушката во мене и повлече но изгледа немаше куршуми. Истрчав прво зад некое дрво а потоа избегав од дворот. Викаше по мене – врати се к..вин сине и тебе да те убијам! – сведочеше Властимир Шефер чиј татко ја уби неговата сопруга, мајка, баба му и дедо му, и родителите на невестата.

Властимир, кога ги чул истрелите, излегол во дворот на куќата на неговата сопруга и ја видел мајката на неговата сопруга мртва. Сопругата со која бил оженет само еден ден, и нејзиниот татко, не ги видел веднаш бидејќи биле претходно убиени од истрелите на неговиот татко. Властимир го преживеал крвавиот поход на неговиот татко,кој ладнокрвно уби шестмина најблиски на својот син!

Властимир Шефер се оженил со 25 годишната Наталија. Неговиот татко, 55 годишниот Раде од Сента, иако не се согласувал со изборот на син му, присуствувал на свадбата. Се опил и ја нападнал поранешната сопруга Рожа и помладиот син Александар, по што полицијата го привела. Во крвавиот поход тргнал веднаш штом бил пуштен од полиција.

Раде не сакал неговиот син да „се мачи во бракот“ како тој што „се мачел со мајка му“. Од полициската станица тој заминал дома, ја зел ловечката пушка и во селото Ором ги убил родителите на својата поранешна сопруга, потоа заминал во Мартонош каде ја убил екс сопругата, снаата Наталија и нејзините родители.

Пукал и во тетката на Наталија и тешко ја повредил, а потоа бил запрен од сопругот на тетката, францускиот државјанин Емануел Дуњон, кој во самоодбрана со удари го усмртил разбеснетиот напаѓач.

Властимир и Наталија биле во врска три години и по венчавката планирале да живеат во Франција, каде имале изнајмен стан.