Пејачката Марина Тадиќ неодамна ја изненади јавноста со промената на имиџот, но и со изјавата дека женскиот мозок е намален по породувањето „затоа што детето зема половина од сè“.
По критиките упатени кон неа, Марина повторно се појави и ја потврди својата претходна изјава со зборовите „дека не измислила туку контоверзниот текст го пронашла на интернет го прочитала па го објавила на социјалните мрежи“.
„Ми се случи да отидам до продавница и да купам две од трите работи што треба да ги купам, третото да го заборавам, а јас сум некој што памети како слон. Сивата маса на жената се намалува по породувањето. Не го измислив тоа, го прочитав“, рече Марина и продолжи:
„Кога го кажав тоа во емисијата сите се смееја, тогаш тој текст го најдов на Интернет и го објавив на социјалните мрежи, бидејќи јас не измислувам такви работи.
Пејачката претходно изјави:
„Кога ќе се породиш, мозокот ти се намалува, мислам дека тоа е научно докажано, затоа што твоето дете зема половина од сè. Почнав да заборавам, но после некое време се враќа. Сериозно ви кажувам, првите години се заборава. Ќе сфатат овие млади мајки што се породиле што кажувам, тие знаат за што зборувам и стојам позади тоа.
Be the first to write a comment.