Антониа Гиговска со шокантата фото-објава на својот Инстаграм ја запрепасти јавноста откако сподели топлес фотографија. Не дека и до сега младата македонска пејачка не сме ја гледале во подразголени, послободни пози, но сега за прв пат малечката се соблече.

Имено, таа споделила фотографија на која е до половина гола, а градите ги прекрила само со раката, па напишала: „Многу ме убедуваа за сликава, па конечно собрав храброст, а имам и причина“ – го појаснува својот потег младата убавица, која со текот на времето, како расте и созрева, е се’ посекси и се’ поубаво изгледа.

Патем причината за провокативната поза ала Карлеуша, русокосата ја објаснува со дилемата која подолго ја носи во себе. Дали да го промени името во уметничко, или да си го задржи сопственото, крстеното, оригиналното?

„Веќе подолго време размислувам да го променам своето име, па што мислите моето ново уметничко име да биде „Tonya“? – праша пејачката, спроведувајќи своевиден Инстаграм „референдумм“ од мислења и коментари кај нејзините обожаватели и следбеници, за идејата за промена на името!

Очигледно мнозинството било за тоа на пејачката да не и паѓа на ум да го менува името, зашто по нејзиното крстено ја препознаваат, така се вика, со него стана позната и популарна, тоа и е заштитен знак, а новото име име би значело губење на веќе стекнатиот идентитет и своевидно почнување од нула… Или што би рекле: „Никогаш – „Tonya“, само Антониа“!

Тоа по се изгледа и самата Антоние бргу го сфати, па малку потоа сподели нов статус: „Изгледа ќе останам Антониа, ммм?“

На крајот резултатот следен: ДА – за разголување, НЕ – за име менување, за да не изгуби доверба кај својата публика, нешто што Антониа толку многу го преферира што дури стигнала и да го истетовира… под левата града – confidence! А што се однесува до разголувањето…? Пејачката смета дека топлес фотографијата колку и да е провокативна и еротска, не е воопшто безобразна и вулгарна:

„Мислам дека сликата воопшто не е вулгарна, напротив, мислам дека е ремек дело на мојот драг пријател и соработник @stefannikolovski 📸 и една од моите најомилени фотографии“… Нејзе, а многу извесно и на нејзините машки обожаватели!