Македонски ученик се обиде на духовит начин да го освои својот професор, па на писмената работа наместо она што се бара, му „објасни“ на професорот дека не му бил денот, бидејќи вчера било Black Friday.

– Професоре, извинете ама не ми беше ден, ама нели Black Friday е, напишал ученикот и додал смајли емотикон на крајот од својот „голем труд“.

Но, професорот не падна на оваа финта, па откако првично му ставил Доволен (2-), доле допишал:

-Во прилог на Black Friday еве ти снижување, напишал професорот, при што ја пречкртал првичната оценка и му напишал Недоволен (1+).