Македонската пејачка Маја Оџаклијевска која долги години работи и живее во Белград, деновите ги поминува во пензија изолирана од градската гужва, во природа со животни и нејзиниот миленик, внукот Лука, кој е нејзината најголема радост.

Пејачката за половина век настапи остави голема трага на музичката сцена, што се докажа и со последното признание, наградата за животно дело, но она што и недостига се однесува на приватниот живот. Лука е аутистично момче кое влегло во пубертет и се уште не проговорило, а на прашањето за неостварените желби пејачката не размислувала за кариерата, туку само за внукот.

– Живеам совршено мирно, станувам наутро во шест и пол, го гледам изгрејсонцето, одам на полињата, ги хранам моите животни. Седнувам и пијам кафе, никој не ме малтретира и тоа е прекрасно. Нема сообраќај, нема гужви, телефонот ѕвони одвреме-навреме, имам свое време и сакам да уживам. Изолирана сум на село и тоа ми се допаѓа. Имам зајаче, мачка, птици, секакви работи. Домашни животни уште немам затоа што тоа бара повеќе посветеност, но можеби ќе ги имам ако даде Господ – рече Маја на почетокот на разговорот, а ја прашавме дали внукот Лука е причината за преселбата:

– Да, навистина му требаше мир. Добар е, расте, во пубертет е, хормоните му работат, што е нормално за 13-годишно момче. Прекрасен е, единствената болка е што уште не зборува, искрено се надевам дека ќе зборува, некои почнале да зборуваат, некои никогаш и тоа е мојата најголема желба.