Лионел Меси се врати во ПСЖ како светски првак со Аргентина, но тоа враќање не му одеше најдобро нему и на францускиот шампион.

Во 2023 година ПСЖ загуби од Ленс и Рен и со тоа ја искомплицира борбата за шампионската титула, па ситуацијата во клубот стана значително посериозна. На социјалните мрежи на парискиот клуб се појави кратко видео од Меси како вежба во теретана.

Во една ситуација, Аргентинецот крева тегови, што особено ги изненади неговите фанови. „Се колнам дека ова е прв пат да го видиме Меси како крева тегови“, напишал еден навивач на Меси на Твитер. Со него се согласиле преку 56.000 корисници на Твитер, а видеото на Меси веднаш стана хит.