Ноќеска во 02.10 часот во СВР Тетово се пријавил З.З.(32) од Скопје поради сомнение дека синоќа (15 јули) околу 20.00 часот, на семејна свеченост во Тетово, пукал со огнено оружје, а куршумот повредил малолетник, кој бил присутен на свеченоста и на кого му е укажана лекарска помош, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што во координација со Јавен обвинител ќе биде изготвен соодветен поднесок“, се вели во полицискиот билтен.