За време на УФЦ 280 настанот во Абу Даби, во просторот зад сцената, се случи една „тепачка“ во која подебелиот крај го извлече Александар Волкановски, Австралиецот со македонско потекло кој е ултимејт фајт првак во перолесна категорија.

Волкановски уште кога го виде противникот, „се исплаши“, во минатото доби сендвич в лице од него, и беше јасно дека нема шанса во „борбата“ против дагестанската интернет ѕвезда Хасбула Магомедов.

Хасбула има 19 години, а изгледа како да е многу помлад, и висок е само 99 сантиметри и тежок околу 16 килограми. Тој од раѓање има болест на хормонот за раст, а и гласот му е како на дете.

Откако го „тушираше“ Волкановски, Хасбула му го зеде шампионскиот појас на Александар Велики, а видеото стана хит.