Македонскиот претставник Филип Ангов од Гевгелија вечерва беше мета на невкусна првопарилска шега во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, кое се емитува на телевизија Сител.
Имено, Ангов беше жртва на шега од страна на директорот на Гранд продукција, Саша Поповиќ, а колку убедлива беше измамата на Поповиќ доволно говори што на истата наседнаа сите членови на жирито од шоуто.
Откако Ангов и уште една претставничка по завршувањето на настапот добија само по три гласови од страна на жирито, што всушност значи пласман во баражот, Поповиќ ги прекина присутните и рече дека како раководител на шоу приограмата има право да направи преседан и носи одлука дека двајцата кандидати директно да се пласираат во следниот круг и покрај тоа што имаат само по три гласа.
Ваквата „одлука“ на Поповиќ наиде на шок и неверување кај жирито и присутните, па откако на сите не им беше јасно зошто Поповиќ се одлучил на вакво нешто, Марија Шерифовиќ побара од директорот на Гранд објаснување, по што се разоткри шегата на Поповиќ.
– АПРИЛИЛИЛИ, рече Поповиќ, по што стана јасно дека тој само се шегува, што секако не беше баш добро прифатено од кандидатите, кои пред тоа се израдуваа дека поминале во следниот круг.
Нашиот Ангов се пласираше во баражот, од каде ќе бара шанса да помине во следниот круг.
Be the first to write a comment.