На автопатот кај Лесковац во саботата се случиле две сообраќајни незгоди во кои седум лица се повредени, како последица на несоодветна брзина, соопшти СВР Лесковац.
– Припадници на МВР во Лесковац ќе поднесат кривична пријава против 26-годишен државјанин на Северна Македонија поради сомнение дека сторил кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај, додека пријава ќе биде поднесена против 44- годишен белграѓанец поради загрозување на јавниот сообраќај, објавија српските медиуми.
Како што се сомневаат, млад човек од Македонија вчера попладне на автопатот кај Мала Копашница, управувајќи „пасат“ се судрил со камион поради несоодветна брзина.
– Во таа прилика тој и уште тројца сопатници во двете возила се повредени, соопшти СВР Лесковац.
Потоа, по пристигнувањето на екипата на Брзата помош, дошло до нова сообраќајна несреќа, кога белграѓанецот управувајќи „туксон“ удрил во задниот дел на амбулантната кола, исто така поради несоодветна брзина.
Во таа сообраќајна несреќа три лица се здобиле со полесни повреди.
Сите повредени од двете сообраќајни незгоди се пренесени и укажана им е помош во Општата болница во Лесковац.
Be the first to write a comment.