На фејсбук групата Македонци во Германија, објавен е апел за помош на семејство од Македонија кое има потреба од донации со цел телото на починат Македонец да се транспортира во родната Македонија.

– Со почит и тага ве известуваме дека ни се потребни ДОНАЦИИ за мојот татко да го транспортираме во Македонија❕ Секој кој е во можност и сака да донира:

Sparkasse Deutschland
Zhaklina Dimitrieva
Verwendungszweck: Spende Überführungskosten für Herr Gjorgi Milenkov
IBAN:DE 184785 0065 0100 0416 31
BIC: WELADED1GTL

– Ви се заблагодарувам на сите од срце кои сте во можност,и на оние кои сакате да донирате но не сте во можност Господ здравје да ви дава.
Татко мој најсакан…Не си отиде од нашите срца, само го напушти овој свет. Не можевме да те сочуваме од смртта,но ќе те сочуваме од заборавот,бидејќи тие што се сакани никогаш не умираат. Патувај со ангелите,нека Господ ти ги отвори рајските порти. Почивај во мир татичко 🖤💔🕊, објави ќерката Жаклина ДИмитриева на својот ФБ профил.