Телото на Александар Јовановиќ (18) од Сремска Митровица, по кој се трагаше повеќе од еден месец, е пронајдено вчера во Сава кај Шабац, потврди за „Блиц“ неговата мајка Билјана.
– Мештаните забележале тело во водата и повикале полиција, подоцна било утврдено дека се работи за нашиот син. Скршени сме, не знам што друго да кажам – низ солзи кратко изјави за „Блиц“ таткото на Александар, Слободан.
Неговото тело е испратено на обдукција во болницата во Шабац. Погребот на младиот човек ќе се одржи во петок во Сремска Митровица.
За потсетување, Александар Јовановиќ (18) од Сремска Митровица исчезна на 15 април откако прикрадно излегол од куќата.
Луѓето кои вечерта биле на мостот, кој е недалеку од куќата на младиот човек, велат дека околу 22 часот виделе лице во црна јакна како скока од мостот. Иако неговите блиски не сакале да веруваат дека се работи за Александар, најмрачните сомнежи се оствариле.
Be the first to write a comment.