Според неофицијални информации, во тунелот на коловозната лента поради дефект застанало товарно возило на кое налетало комбе
Во средата, нешто по 11 часот, во тунелот Леденик на автопатот Загреб-Сплит во правец кон Загреб се случи тешка сообраќајна несреќа во која едно лице загина, јавуваат хрватските медиуми.
Според неофицијални информации, во тунелот на коловозната лента поради дефект застанало товарно возило на кое налетало комбе. По силниот удар, едно лице од комбето смртно настрадало, пишува Јутарњи.хр.
Веднаш по несреќата на лице место излегле служби за итна помош. Поради оваа сообраќајка затворен за сообраќај е автопатот во правец на Загреб од клучката Ровањска до клучката Свети Рок. Сообраќајот се одвива по заобиколен пат.
Be the first to write a comment.