Оваа порака од една стара мајка ќе ви го допре срцето и ќe ви ја исполни душата!

Смртта е составен дел од животот и никој не може да ја избегне, но поважно е како сме живееле и што сме оставиле зад себе. Често ги забораваме вистинските вредности во животот и допуштаме тагата, лутината и бесот да не трујат одвнатре, а времето брзо тече…

Пораката од оваа стара мајка не потстеува на нешто што секогаш треба да го имаме на ум.

“Драги мои деца! Ќе дојде ден кога повеќе нема да ме има на овој свет. Ќе оставам се што сум стекнала па и вас. Ќе останат зад мене многу нешта, но едно ќе ве замолам…Не се карајте околу куќата која ви ја оставам, таа и после вас ќе остане и повторно ќе припаѓа на некој друг, затоа што ниту јас ниту вие не можете д аја понесете со себе.

Кога ќе ги делите моите порцелански садови од кои секој ден јадевте заедно на масата, сетете се да не ги делите тие садови бидејќи и после вас некои од тие садови ќе јаде и вие ќе ги оставите некому. Сочувајте го тоа собирање околу масата и заедничките моменти.

Никогаш не кажувајте лажни сведоштва ниту за својот брат ниту за туѓиот. Устата еднакво отварајте ја како што ја отварате за леб.

Не с екарајте оклу материјални работи, не допуштајте парите да бидат повредни од вас. Не мразете никого, не го понижувајте послабиот, а од злобниот бегајте што подалеку и не тргувајте со него.

Делете убавина… Делете љубов… Нека вашите дела на љубов говорат повеќе од вашите зборови. Не се отуѓувајте едни од други!

Сетете се дека една утроба ве носеше сите вас.Сетете се дека без ништо сте дошле на овој свет и дека без ништо ќе се вратите!

Ништо не е подрагоцено од заедницата и љубовта кое во трајно наследство му ја оставате на светот. Така и вие одгледувајте ги децата и не жалете по мене.