Младата мајка Набила Мекхју и нејзиниот син Атлас стекнаа популарност на социјалните мрежи поради неговата необична големина. Имено, Атлас имал над шест килограми кога имал само 4 месеци.

Иако мајката на Атлас, не откри колку тежело момчето при раѓањето, многумина се прашуваат како една толку мала жена воопшто успеала да го роди.

Некои ја критикуваа затоа што мислат дека премногу го храни момчето, но таа вели дека го обожава своето „големо бебе“.

„Тој е толку сладок и мек, тој ми е сè. И не, не го хранам премногу“, тврди Набила.

Набила има 123.000 следбеници на TikTok, а главната ѕвезда на нејзиниот профил е Атлас, иако понекогаш во нејзините видеа се појавуваат нејзината ќерка и сопруг.

📸

📸

📸

📸