Земјотрес со јачина од 5,9 степени со епицентар во морето во близина на источниот брег на Тајван денеска го потресе островот, соопшти метеоролошката служба на земјата, но нема извештаи за материјална штета.

Земјотресот накратко ги потресе зградите во главниот град Тајпеј. Се случи на длабочина од 17,9 километри и можеше да се почувствува низ северниот, централниот и источниот дел на Тајван, додаде метеоролошката служба.

Тајван се наоѓа во близина на спојот на две тектонски плочи во Јужното Кинеско Море и често е подложен на земјотреси.

Повеќе од 100 луѓе загинаа во земјотрес во јужен Тајван во 2016 година, додека во земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтер загинаа повеќе од 2.000 луѓе во 1999 година.