Чеченскиот лидер и еден од најблиските соработници на Владимир Путин, Рамзан Кадиров, испрати порака до украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Откако утрово Русија брутално ги нападна Киев и другите украински градови, како одмазда за експлозијата на Кримскиот мост, на Телеграм се огласи и Рамзан Кадиров.
„Зеленски се жали на нападите на Киев и на другите градови. А, како ти, наивен Зеленски мислеше, дека ти можеш, а другите не можат? Односно 8 години можеше да се бомбардираат цивили, уништуваат инфраструктури на градови, со гранати да се напаѓаат нуклеарни електрани, да се дигаат мостови во воздух, да се пука на важни објекти кога ќе ви падне вам на памет? Вие можете, други не можат?“, напиша Кадиров на Телеграм.
Тој додаде:
„Те предупредивме, Зеленски, дека Русија уште не ни почнала па престани да се жалиш. Евтино е, подобро трчај пред да те стигнеме. Бегај, Зеленски, бегај без да се вртиш кон Западот“, порача Кадиров.
На крајот од пораката вели дека сега е 100 проценти задоволен од специјалната воена операција во Украина.
Досега е потврдена смртта на 12 луѓе, а ранети се 12 по нападите во Киев. Станува збор за цвили кои возеле или се движеле по улици, соопштија украинските власти.
Be the first to write a comment.