Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ продолжи да доминира на НБА терените. Со 32 поени беше најдобар стрелец во првата сезонска победа на Далас Маверикс против Мемфис Гризлис.

Пред да истрча на терен, плејмејкерот на социјалните мрежи сподели фотографија од музиката која ја слуша на патот до арената. Овојпат неговиот избор падна на македонската легенда Тоше Проески.

Тоше е чест избор на Словенецот, кој во минатото во неколку наврати му оддал почит на починатиот пејач од Македонија.

📸

📸