Бурното дерби меѓу Челзи и Манчестер јунајтед што заврши нерешено 1:1 со голови во 87. и во 94. минута имаше и смешно трето полувреме, а Матео Ковачиќ и легендата на Црвените Ѓаволи, Питер Шмајхел се хит на денот.

Играчот на Челзи го прошета речиси цел терен само по гаќи, а кога помина крај Шмајхел, легендарниот голман на Манчестер јунајтед се изнасмеа.

Ковачиќ беше актер на еден од најдраматичните натпревари во новата сезона во Премиер лигата, а Челзи и Манчестер јунајтед си ја продолжија традицијата на нерешени натпревари.

📸

📸

Заминувањето на хрватскиот фудбалер од теренот им беше интересно на луѓето од Челзи. Ова особено се однесува на девојката од организацискиот одбор која се смееше на се.

И машките колеги не беа имуни. Сето тоа им било интересно и сите го испраќале со широка насмевка на лицата.

Челзи и Манчестер јунајтед по петти пат одиграа реми на последните пет меѓусебни натпревари во Премиер лигата.