Вчера во утринските часови се случила тешка сообраќајна несреќа во Какањ, кога локомотивата на Железничката ФБиХ удрила во автомобил марка Кеди, објавија локалните медиуми.

Оваа информација за босанските медиуми ја потврди Елведин Фишек, портпаролот на МВР на ЗДК.

– Во 11 часот и 40 минути на улица Железничка во општина Какањ на рамен премин се случила сообраќајна незгода во која учествувале локомотива на Железничка ФБиХ и патничко моторно возило управувано од О.Е.(1961) во Сараево, кој бил пренесен во Кантоналната болница Зеница. Подоцна добивме информација дека лицето се здобило со повреди опасни по живот – изјави Фишек за порталот „Аваз“.

Железничкиот сообраќај беше во прекин.

📸