Водителката и инфлуенсерка Лила Филиповска наполни 51 година. Таа цел ден објавува фотки со нејзините пријатели и соработници кои ѝ го честитаат роденденот преку социјалните мрежи.
Лила доцна вечерва објави и порака во која вели дека остава зад себе една тешка, претешка година.
– Вечерва облеков фустан во бела боја…вечерва го славам животот, љубовта и мојот роденден. Оставам зад себе една тешка, претешка година која ме научи да го славам секој ден како да е роденден , да го почитувам секој момент и да бирам пријатели кои за мене би го направиле она што и јас за нив ! Научив дека секој ден е борба и дека со добра мисла секој проблем е решлив. Овој ден е мој ден…овој ден е мојот роденден❤️, напиша Лила.
Лила изминатиов период честопати на социјалните мрежи добивање прашања и коментари поврзани со нејзиниот нов имиџ и носењето на перика, информација која таа никогаш не ја потврди.
Имено, многумина од нејзините следачи на социјалните мрежи ја прашуваат водителката зошто носи перики и зошто драстично си го сменила изгледот. Како и на секој човек, ваквиот тип на коментари, веројатно и влијае на познатата водителка, како и на нејзините најблиски пријателк, па затоа нејзиниот добар пријател Зоран Василевски, попознат како Зоки Фаци, кои се огласи на својот Инстаграм профил и им ја затвори устата на многуте “грижливи фанови”.
-Зошто мора Лила да ви каже зошто носи перика? Зошто мора да ви каже низ што се помина оваа година, низ пеколот? Зошто мора да ви каже какви здравствени проблеми има? Себични, без чувства, примитивни луѓе, и не го кажувам тоа од злоба, туку од бес – порача Василевски.
Василевски додава дека Лила за пеколот низ кој поминала таа самата ќе раскаже за јавноста доколку сака и тогаш кога ќе биде подготвена.
„Дотогаш, приватноста треба да се почитува, без оглед дали се работи за јавна личност“, вели Зоки Фаци.
Be the first to write a comment.