Познатиот јапонски борач и ММА натпреварувач Кацуја Китамура почина на 36-годишна возраст.

Во вторникот Китамура повикал брза помош бидејќи не се чувствувал добро и веднаш бил пренесен во болница. За жал, неговата состојба се влошила и набргу починал, а причината за смртта не е откриена во јавноста.

Китамура со професионално борење во Јапонија започна доста доцна, на 31 година, а минатата година дебитираше во познатата ММА промоција РИЗИН.

Трикратниот јапонски шампион во грчко-римски стил требаше да ја претставува својата земја на Олимписките игри во Лондон, но пред натпреварувањето доби двегодишна забрана поради користење анаболни стероиди.

Во декември требаше да го прослави својот 37. роденден.