На социјалните мрежи кружи видео на кое се гледа како американскиот претседател Џо Бајден и дава совети за врска на млада девојка.

Видеото е направено кога Бајден ѝ се доближил на една девојка на колеџ во Калифорнија, ја фатил за рамо и ѝ шепнал: „Без сериозни момци до 30, ова е совет што им го дадов на моите ќерки и внуки“.

Како што може да се види на видеото, девојката на која и пришол Бајден била прилично изненадена и одговорила: „Во ред, ќе го имам тоа на ум“.

Видеото од настанот беше објавено на Твитер од репортерот Кален Д’Алмеида. Тој рекол дека Тајната служба се обидела да го спречи снимањето.

Снимката е прегледана речиси пет милиони пати, а противниците на Бајден веднаш почнаа да го критикуваат, нарекувајќи го „морничав Бајден“.