Неодамна Тања Савиќ ја шокираше публиката со фотографија во венчаница која предизвика лавина коментари и шпекулации. Иако се испостави дека се работи само за спот, на оваа објава наседна и пејачката Тијана Милентијевиќ.

– Денес, кога облеков бел фустан за снимање, само помислив дека изгледам исто како Тања Савиќ. Секако, пред се сакам да и честитам, да и посакам да биде среќна и тоа да потрае барем уште сто години – изјавила пејачката.

Меѓутоа, кога „Жена од султана“ сфатила дека Тања всушност не стапнала на луд камен, таа буквално била во шок.

– Навистина? Леле! Па зошто одма не ми кажавте, имам сосема други информации, но не е важно, секако дека многу ја сакам и поддржувам. Секогаш убаво си разговараме, па и ја посакувам целата среќа и да се омажила и да не се омажила. Навистина не знаев дека таа венчаница е само за снимање на спотот, вели изненадената Милентијевиќ.