(ФБ објава на писателката Ксенија Николова)

Поминувајќи вечерва низ ГТЦ, во еден од ходниците на најдолниот кат, видовме затворено маче во празен дуќан во кој нема апсолутно ништо.

Мачето беше преплашено.

Не е јасно како влегло, немаше ништо скршено. Најверојатно некој случајно го затворил.
Отидовме до најблиската отворена продавница и прашавме дали знаат чив е дуќанот, но бевме упатени кај обезбедувањето, каде за жал добивме информација дека знаат чив е дуќанот, но немаат број од луѓето.

Потоа, сплет на околности, бевме упатени во една најблиска продавница за која ни кажаа дека е на истите сопственици, но таа беше затворена.
Вртејќи се во круг, немавме што да направиме, иако сакавме да помогнеме. Никој не знаеше ништо конкретно.

Не смееме да чепкаме туѓ имот и насила да се отвори вратата, иако е ова алармантна ситуација.

Мачето остана внатре и рекоа дека ќе му отворат најверојатно утре, бидејќи постои опција да дојдат мајстори за кои накрај дознавме дека можеби биле и денес па така се верува дека влегло и мачето, а ние и утре ќе отидеме да провериме дали е тоа така.

Сето тоа се само претпоставки.

Многу тешко се помиривме со тоа дека немаме што да направиме во ситуацијата.

Како може обезбедување да нема број и контакт од секој сопственик на дуќан во трговскиот што го обезбедува и штити? Како?

А ако се случи нешто, како во овој случај, како ќе дознаат сопствениците и како ќе можат да реагираат?

Распаднат ГТЦ, а толку убав и значаен објект за Скопје.

Господе, сѐ што имавме, сѐ уништивме.

Со тешко срце ќе заспијам вечерва и мислите ми се кај кутрото животинче кое е затворено.