Повторни нереди во Валона во овие топли августовски денови. Откако пред неколку дена неколку лица имаа физички конфликт меѓу себе во клубот „Вега Бич“, каде поради тепачката со клоци и тупаници имаше и раскрвавени лица, сега повторно е регистриран нов инцидент на истото место.
Во немилите сцени, како што јавуваат албанските медиуми, се вмешани две млади момчиња кои наводно малтретирале две жени. Оваа сцена ја виделе сопрузите и членовите на семејството кои интервенирале и се судриле со двете млади момчиња.
– Денеска во болницата во Валона се примени државјаните А.Б.(38) и К.А. (42) кои физички се судриле со уште тројца граѓани, се уште неидентификувани, на плажата „Вега“ во Валона, соопшти албанската полиција.
Истражните органи работат на целосно расчистување на околностите на настанот и идентификување на други лица инволвирани во конфликтот.
Ваквиот настан доаѓа 4 дена по тешкиот настан што се случи во Потам, каде 7-годишно девојче беше усмртено од полицаец кој со голема брзина управуваше чамец.
Be the first to write a comment.