Загребската полиција во вторникот околу пладне во Загреб ја уапси пејачката Северина Вучковиќ. Апсењето следело, како што дознава Јутарњи лист, откако добиле барање од колеги од Сплит да ја приведат заради кривична истрага.

Според „Јутарњи.хр“, причина за сето ова и најавата за претрес е непримерна расправија што се случила во вторникот во сплитскиот дом на мајката на познатата пејачка. Според пријавата на сестрата на Маријана, пејачката наводно ја нападнала сестра си пред очите на нивната мајка.

Било во текот на ноќта, еден час по полноќ, кога се слушнала врева од станот. Наводно двете насилно се тепале и си удирале шлаканици, буквално по целиот стан.

Соседите ја слушнале галамата

За да се провери дополнително што точно се случувало ноќта од понеделник кон вторник, „Јутарњи.хр“ се јавиле на телефонскиот број во станот на мајката на Северина. Ги контактирала една жена, велејќи дека сопственичката одмара, но дека не знаела ништо за тоа што ја прашале.

Една од сосетките во зградата изјавила дека слушнала галама, женски крик и некое удирање, но дека „не го поврзала веднаш со инцидентот, а камоли со омилената Севе“.