Кристина Димитриевска периодов е најактуелна како пејачка, додека се’ останато на кое што работеше досега како на пример манекенството и изборите за убавина, засега како што вели, нема време.

Покрај многуте вечерни настапи низ дискореки и кафулиња, она на кое може да се посвети е самата на себе и секако на своето семејство, првенствено на синчето Давид.

Инстаграм е прозорот кон секојдневието на Кристина, каде таа редовно го полни со објави, најголем дел од такви од настапите, но не ретко знае да се појави и по некој пруиватен момент како во случајов.

Имено, таа бееше на кафе заедно со мајка си, па овој момент реши да го документира и да го сподели јавно.

Од приложеното може да се види дека Кристина и нејзината мајка се како сестри, млада и згодна дама, во опуштено лежерно издание изгледа како да е постара сестра на Кристина.

Интересно е што мајката и ќерката имаат родендени на ист датум 2-ри јули, односно Кристина е родендена на роденденот на мајката која тој ден го добила најубавиот подарок.

Димитриевска во неколку наврати има изјавено дека нејзината мајка и е голема поддршка и помош во се’ особен што таа најмногу и помага во одгледувањето на синчето.