Контроверзен експерт за врски откри колку често паровите треба да имаат секс – и вели дека статистиката е „научно докажана“.

Џејк Медок од Бризбејн, Австралија, вели дека идеалот е да се има секс два до три пати неделно, бидејќи дава „ментални и физички придобивки“.

„Има многу научни докази. Во студиите е докажано дека е многу добро жените да доживеат оргазам три пати неделно. Тоа е добро за нивното ментално здравје, добро е за нивното физичко здравје и добро е за нивното тело“, рече Џејк во видеото што го постави на TikTok.

Но, слични се придобивките и за мажите, бидејќи сексот е добар за нив на сите нивоа.

„Имањето секс два до три пати неделно, исто така, ќе помогне да се поврзат двајцата партнери“, вели тој.

Медок рече дека со текот на времето, додека паровите се чувствуваат удобно еден со друг, тие почнуваат да развиваат „мрзливи“ навики со тоа што имаат се помалку секс.

„Изгледа дека луѓето во долги врски стануваат мрзеливи и велат „еднаш неделно е добро“, „еднаш месечно е добро“, тие едноставно стануваат сè помрзеливи и помрзеливи и паровите се оддалечуваат“, рече тој.

„Значи, два до три пати неделно навистина ги одржува луѓето на вистинскиот пат“.