Просечната бруто-плата за фармацевт во Германија е 4.564 евра, а за рецепционер 1.716 евра, пишува „Феникс магазин“, повикувајќи се на податоци од германскиот завод за вработување.

Просечната плата за сите вработени што примаат придонеси за социјално осигурување изнесувала 3.427 евра во 2020 година, за 26 евра повеќе во споредба со 2019.

Платата во Германија зависи и од квалификациите на вработените, па така вработените со академска диплома имаат просечна плата од 5.265 евра, додека оние со стручна квалификација 3.300 евра. Просечната плата за оние без стручни квалификации е 2.515 евра. Освен тоа, платата зависи и од компанијата, но и локацијата.

Во продолжение се просечните бруто-плати на некои од најпопуларните професии во Германија.

Негувател – 3.174 евра, Фармацевт – 4.546 евра, Архитект – 4.122 евра, Доктор – 6.337 евра, Лекарски помошник – 2.496 евра, Оптичар – 2.407 евра, Пекар – 2.319 евра, Продавач во пекарница – 1.840 евра, Багерист – 3.437 евра, Банкарски службеник – 4.990 евра

Градежен инженер – 4.999 евра, Професионален возач – 2.567 евра, Економист во компанија (текстилна индустрија) – 3.916 евра, Биолог – 5.240 евра, Сметководител – 3.695 евра, Канцелариски службеник – 3.338 евра, Возач на автобус – 2.925 евра, Агент во центар за корисничка поддршка – 2.161 евро, Хемиско-технички асистент – 3.943 евра, Контролор – 5.714 евра.

Уредник – 4.094 евра, Поставувач на покриви – 3.140 евра, Диспечер за сцена/филм/телевизија – 4.852 евра, Набавувач во продажба – 4.734 евра, Службеник во малопродажба – 2.445 евра, Електричар – 3.176 евра, Електромеханичар – 3.465 евра, Електронски техничар за уреди и системи – 3.465 евра, Рецепционер – 1.716 евра, Воспитувач – 3.903 евра.

Менаџер на настани – 3.474 евра, Специјалист за канцелариска комуникација – 3.900 евра, Инструктор за возење – 2.930 евра, Раководител на филијала – 4.113 евра, Керамички активности – 3.046 евра, Фризер – 1.666 евра, Возач на виљушкар – 2.679 евра. Монтажер на плин и вода – 3.122 евра, Чистач на згради – 2.105 евра, Графички дизајнер – 3.180 евра.

Трговец на големо – 3.162 евра, Хотелски специјалист – 2.117 евра, Домар – 2.924 евра, Индустриски службеник – 3.667 евра, Индустриски механичар – 3.871 евра, Информатичар – 5.731 евра, Електроинженер – 6.300 евра, Судски службеник – 3.373 евра, Касиер во малопродажба – 2.212 евра, Келнер – 1.823 евра.

Управувач со клучни сметки – 5.034 евра, Готвач – 2.205 евра, Медицинска сестра – 3.645 евра, Молер – 2.975 евра, Работник во стовариште – 2.279 евра, Учителка во основно училиште – 4.444 евра, Професорка во средно училиште – 5.577 евра, Логистичар – 3.525 евра, Логопед – 2.714 евра, Сликар – 2.819 евра, Специјалист/асистент по маркетинг – 3.678 евра.

Менаџер во маркетинг – 4.799 евра, Машински инженер – 6.173 евра, Ѕидар – 3.214 евра, Техничар по мехатроника – 3.304 евра, Медиумски дизајнер на фотографија и звук – 2.966 евра, Медицинско-технички лабораториски асистент – 3.497 евра, Вработен во метална индустрија – 3.674 евра, Болничар – 3.511 евра, Службеник во човечки ресурси – 3.927 евра, Физиотерапевт – 2.588 евра, Пилот – 6.450 евра.

Психолог – 4.626 евра, ПР-менаџер – 4.520 евра, Програмер – 4.634 евра, Помошник-правник – 2.640 евра, Чистач – 1.911 евра, Механичар на брод – 3.798 евра, Ковач – 3.053 евра, Секретарка – 3.338 евра, Обезбедување – 1.800 евра, Златар – 2.416 евра, Програмер на софтвер – 5.195 евра.

Социјален работник – 3.987 евра, Службеник за социјално осигурување – 4.160 евра, Шпедитер – 3.275 евра, Даночен службеник – 2.856 евра, Работник на пат – 3.463 евра, Администратор на системи – 4.750 евра, Технички цртач – 3.368 евра, Помошник за заштита на околината – 3.569 евра, Продавач – 2.445 евра, Монитор на сообраќај – 3.430 евра.

Службеник за осигурување – 4.695 евра, Административен референт – 4.543 евра, Механичар за алати – 3.755 евра, Овластен сметководител – 6.450 евра, Забен техничар – 2.590 евра, Столар – 3.189 евра.