Марко Б.(35) вчера ја убил својата двегодишна ќерка, а потоа се самоубил. Невидената трагедија се случила околу 15 часот во Вршац, а насилникот со порака наводно го објавил хоророт што ќе го направи. Сопругата на Маркo, Сузана, попладнето добила порака од која се „замрзнала“.
– Ќе го убијам детето и себеси – пишувало во пораката, па вознемирената жена веднаш повикала полиција, која притрчала во нивниот стан и затекнала страшна глетка.
Според првичните информации, таткото ја удавил ќерка си, а потоа се обесил. Истрагата на лице место траела до вечерните часови, а очевидци биле сведоци на шокантни сцени пред зградата.
– Мајката на девојчето, која исто така веднаш дошла на местото на настанот, седела на скалите и врескала „дајте да си го видам детето“. Ова е невидена трагедија – изјавија очевидци.
Сосед од зградата вели дека Марко и Сузана биле кираџии и дека повремено ги гледале.
-Беа во процес на развод, колку што слушнав, па не сме ја виделе во последно време. Тој беше таму со неговата ќерка. Кога денеска видовме полиција, не ни можевме да замислиме дека се случило вакво нешто. Сите сме во шок, кутро дете… – велат вознемирените соседи.
Злосторството што се случи ги шокираше и колегите на Марко од Градската управа каде што беше вработен.
– Не знам што да кажам… За жал, Марко и неговото девојче ги нема… Бев многу потресен, а верувајте дека сме потресени сите што го познававме. Беше прекрасен и културен млад човек, изгледаше како да живее за семејството и ќерката – велат тие.
Според неофицијални информации на Телеграф, Марко и Сузана биле во процес на развод, а таа наводно го пријавила за семејно насилство и тоа била главната причина поради која сакала да се разведе од него.
Според Република.рс, таткото не само што пратил СМС пораки со кои го најавувал овој грозоморен чин, туку и снимил видео, кое го испратил до сите, вклучително и до некои портали.
Во тоа видео тој објаснил дека неговиот живот повеќе нема смисла, дека тој „оди“ и дека со себе ќе го земе она што најмногу го сака.
Снимката ја испратил на неколку броеви околу 13 часот, а само еден час подоцна полицијата која отишла во станот на „Војнички трг“ по пријава од мајката на Сузана, затекнала страшна сцена.
Центарот за социјална работа и покрај противењето на мајката наредил таткото да го гледа детето. Неофицијално, ова била прва самостојна средба на таткото и ќерката. За жал и последна.
Be the first to write a comment.