Ќерката на Мик Џегер, Џејд (51), е уапсена на Ибица откако наводно нападнала неколку полицајци, јавуваат локалните медиуми. Инцидентот избил во ресторан, а таа поради своите постапки наскоро ќе мора да се појави на суд.
Таа цела ноќ ја поминала зад решетки, бидејќи прво вербално, а потоа и физички се пресметала со надлежните и одбила послушност. Џејд, која е дизајнерка на накит (51) била на пријателска вечера во текот на која во еден момент станала и насилнички настроена.
Вработените се обиделе да ја смират, но тоа воопшто не и се допаднало нејзе и на другиот гостин на таа маса. Пријателот потоа започнал расправија, па дури и им се заканувал на другите кои вечерале во истиот ресторан.
– Некој се јавил околу девет да пријави неред. Меѓутоа, додека пристигнала полицијата, мажот го напуштил локалот откако на парот им било кажано дека повеќе нема да им носат пијалаци. Случаен минувач потоа ги известил надлежните дека некој маж малтретира луѓе на улица. Бидејќи не сакал ниту да го каже своето име, туку насрнувал на нив, морал да биде уапсен. Кога Џејд „влегла во приказната“, прво извикала: „Глупава полиција“, а потоа турнала некој од нив, па и удрила. Потоа и таа е уапсена – објаснил за „Мирор“ извор од местото на настанот и додал дека наследничката на Џегер дури и изгребала полицајка откако „и се стемнило пред очите“.
Шпанските медиуми исто така наголемо пишуваат за тоа како Џејд завршила зад решетки, но се уште не е познато дали дуото ќе оди на суд.
„Дејли мејл“ објави видео од апсењето на партнерот на Џејд.
Be the first to write a comment.