Потењето под пазуви, особено ако претерано се потите, најчесто е проблем во текот на летните денови.

Но, дерматологот Амна Адел на TikTok објави корисни совети како да го намалите потењето и истовремено се ослободите од непријатниот мирис на пот под пазувите.

Таа советува наместо наутро кога ќе станете, дезодоранс да нанесете навечер на сува кожа. Советува миење со производ што содржи бензоил пероксид, бидејќи е антибактериски и ги намалува непријатните мириси.

На крајот, на оние со претерано потење им препорачува да не користат дезодоранси кои само го маскираат мирисот, туку антиперспиранти кои го намалуваат потењето.