Има осомничени за пожарот кој минатата година се случи во модуларната болница во Тетово открива јавниот обвинител на Македонија, Љупчо Јовески за емисијата 25 минути.
– Не може да се каже дека кабелот е виновен и дека никој нема да одговара. Познато е во јавноста дека обвинителството води постапка за овај случај. Мора да сфатите дека се работи за огромна трагедија, за изгубени многу животи на наши граѓани, дека обвинителството презема многу дејствија само. Сослушани се повеќе од 40-тина сведоци, вели тој.
На прашањето зошто премногу трае овој процес, Јовески рече дека токму сложеноста на предметот бара време и дека деновиве ќе биде поднесено обвинение.
Be the first to write a comment.