Премиерот Димитар Ковачевски денеска присуствуваше во Чаир на славењето на ФК Шкупи по повод титула, објави ТВ 21.

Покрај премиерот беа и лидерот на Демократска унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, претседателот на Собранието Талат Џафери, како и првиот вицепремиер Артан Груби.

Инаку, екипата на ФК Шкупи е новиот фудбалски првак на Македонија, а во денешниот дуел клубот со убедливи 3-0 го победи тимот на Академија Пандев.