Новинарот и водител Јанко Илковски на социјалните мрежи даде свој коментар за младиот полицаец, чија снимка како прави склекови стана вирална низ цела Македонија.

Во продолжение го пренесуваме коментарот на Илковски:

А ПОЛИЦАЕЦОТ КОЈ ПРАВИ СКЛЕКОВИ

– видеото е забавно и тоа треба да остане – ништо повеќе

– полицаецот ништо лошо не направи ниту со постапката ја посрамоти униформата

– покажа дека е во извонредна физичка форма и му се восхитувам

– не можам да разберам измевањето – оти има разлика, смешно, хумор и исмевање омаловажување, а покажавте дека сте кадарни да понижите но немате интелектуален капацитет за хумор.

– повеќето кои глумат душегрижништво физички се толку неспособни, да ако легнат не (едвај) можат да станат

– јас би бил пресреќен да повеќето полицајци се во таква физичка подготвеност

– би бил уште посреќен вие да сте така спремни и во форма

– ЈАС би бил најсреќен ЈАС да сум половинка од него

– ЈАДЕТЕ БУРЕК дволични момакот е ТОП