Еден напиток никогаш не го прескокнува, а обожава да јаде домашен леб со ленено семе. Ова е неговиот омилен појадок.

Јаде како крал е популарен израз. Но, што навистина за појадок јаде еден вистински крал, во случајов тој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Без разлика дали припаѓате на кралско семејство или не, за сите нас е важно појадокот да е нутритивно богат и да ни обезбеди енергија за целиот ден.

Кралот Чарлс III, наследник на скоро починатата кралица Елизабета II, ја промени својата исхрана со цел да остане здрав. Ужива во оброци од зеленчук и вели дека е свесен за количините на месо и риба кои ги внесува.

Познато е дека новиот крал подоцна појадува, а појадокот се состои од Дарџилинг чај со млеко и мед, домашен леб и ленено семе – кое тој на шега во нарекува „птичјо семе“. На тоа додава свежо овошје и овошен сок за урамнотежен појадок кој е богат со влакна.

Нутриционистката Сигне Сванфелт вели: „Кралот Чарлс јаде вистинска количина храна на начин кој одговара на неговиот начин на живот. Неговиот избор за појадок е богат со протеини, што може да придонесе во намалувањето на нивото на холестерол како дел од урамнотежената исхрана. Ужива во куп ленено семе и домашен леб за појадок кои имаат многу нутритивни предности. Лененото семе може да помогне при варењето и богато е со протеини“.

Никогаш не е љубител на ручек. Кралот Чарлс повеќе сака да се снајде до вечерата и наводно јаде месо и риба двапати неделно, фокусирајќи се повеќе на вечера на база на растенија.

„Љубовта на кралот Чарлс кон зелената исхрана ги покачува диететските влакна кај него, а ги снижува заситените масти“, објаснува Сванфелт. „Коренестиот зеленчук е богат со витамини, влакна и минерали како што се фолната киселина и калиумот. Гравот и леќата се богати со протеини, влакна и минерали како што се магнезиум и цинк, додека целите зрна содржат многу хранливи материи и влакна – од кои сите имаат влијание на животната средина“.

Начинот на исхрана на Чарлс е сличен на климатскиот начин, кој се фокусира на носење добар избор за животната средина.

„Тоа ги поттикнува луѓето да бираат храна која има помало влијание врз животната средина и вклучува рецепти на база на билки и месо, како што се вкусни и хранливи плескавици од пилешко и грав“, истакнува Сванфелт.

Што појадуваше кралицата Елизабета?

Британската кралица Елизабета се хранеше здраво, па не е ни чудо што живееше 96. години.

Дарен Мекгрејди, кој беше нејзин личен готвач, постојано го истакнуваше тоа во различни интервјуа поврзани со навиките во исхраната на Елизабета. Иако кралицата стана хит во медиумите кога нејзиниот лекар ѝ нареди да се откаже од коктелот пред да си легне, таа всушност се придржуваше до здрава исхрана, со малку слатки.

– Она што го јаде секој ден не се променило повеќе од 60 години, изјави Мекгрејди во една прилика.

За кралицата постојано работеа 20 готвачи кои секој ден подготвуваа мени од кое таа избираше што ќе јаде тој ден.

Елизабета секогаш го почнувала денот со шолја чај „ерл греј“ со млеко, без шеќер, а освен тоа задолжителни се и бисквитите потопени во чај.

По туширање и подготовка за денот, следува појадок. Нејзиниот појадок секогаш се состоел од студени житарки, а понекогаш на менито биле и мармалад и тост. Ретко јадела јајца.

Ручекот бил едноставен и важно ѝ е да биде протеински силен и без многу јаглехидрати. Мекгрејди наведува дека нејзиниот избор главно бил риба на скара или шкотски лосос со спанаќ и тиквички.

Понекогаш, кралицата за ручек сакала да јаде салата со пилешко на скара, а Мекгрејди наведува дека била дисциплинирана кога се во прашање нејзините оброци и дека во кујната важи правилото – без пченкарен скроб.

По ручекот следувал попладневен чај кој оди во комбинација со омилените сендвичи со краставици и овошен колач. Таа најмногу сакала едноставни сендвичи кои се приготвуваат така што прво се сече кората од лебот, па се премачкува со крем-сирење од двете страни и се става тенко исечкана свежа краставица.

За вечера важи истото правило како и за ручекот – без пченкарен скроб, па затоа кралицата најмногу јадела риба на скара или варена риба со малку салата и зеленчук.

– Може да јаде што сака, но сепак ја избира оваа храна. Дисциплината ја прави толку здрава и долготрајна – рече Мекгрејди.

Кралицата понекогаш си дозволува десерт, па на менито може да се најде свежо овошје од нејзиниот овоштарник, а голем љубител е на чоколадото.

– Но, тоа мора да биде темно чоколадо. Колку потемно, толку подобро. Елизабета не сака млечно чоколадо – вели Мекгрејди.

Храна што никогаш не можело да се најде на менито на кралицата: лук, бифтек и брза храна.

– Елизабета не сака лук, а кога станува збор за месото, таа сака добро испечен стек. Кога 20 готвачи работат за вас секој ден, нема потреба од брза храна, можете да јадете што сакате во секое време – рече Мекгрејди.