Во сливот на реката Лим кај Рудо на територијата на Босна и Херцеговина, нуркачи од Рудо од водата извлекле безживотно женско тело.

– Се сомнева дека се работи за исчезнатата Илинка Дујовиќ, по која трагале. Нејзиниот татко ќе оди на идентификација, потврдено е за агенцијата РИНА.

Полицијата е на терен и го чека пристигнувањето на обвинителот.