Во главниот бугарски град Софија поради силниот ветер падна дел од фасадата на зградата на училиште. На бројот 112 примени се вкупно над 130 повици, главно за паднати дрвја и скршени гранки.

Најголем дел од пријавите се во регионите „Лозенец“ и „Витоша“. Дрво паднало до 193-та градинка и оштетило пет автомобили.

Фасадата на основното училиште која се урна ноќеска поради силниот ветер, е направена во 2012 година, изјави градоначалникот на општина „Илинден“, Иван Божилов.

– Не можеме да се бориме против природата. Во текот на ноќта имаше големи налети на ветер, паднати дрвја во областа. Формирана е организација за отстранување на оние на патната мрежа. Ќе дојде соодветна механизација со која ќе можеме да го собереме паднатиот стиропор и ѓубре, посочи Божилов.

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸