Во Општинскиот суд во Чаковец е поднесено обвинение против 54-годишен измманик од Романија кој пред два месеци ограбувал на северот од Хрватска, но и Истра.
Имено, измамникот од источна Европа купувал кутија цигари во киосците со банкнота од 200 евра, но имал нешто друго на ум – да ги измами вработените преку вешта манипулација. Неговите „игри“ се опишани во обвинението.
„Им кажал на продавачките дека има намера да купи кутија цигари и платил со банкнота од 200 евра, а кога ќе му ја предале кутијата цигари и му го вратиле остатокот од парите, тој се откажувал од купувањето. Притоа, од остатокот од вратените пари зел поголем дел, а помалиот дел им го вратил на продавачките велејќи им дека се предомислил и побарал да му ја вратат банкнотата од 200 евра. Тоа го направиле продавачките, а обвинетиот се оддалечуваа од продажните места пред продавачките да забележат дека дел од парите недостасуваат“, се вели во обвинението.
Истовремено, романскиот манипулатор, посочуваат обвинителите, се стекнал со корист од 390 евра, за кои на крајот ќе одговара. Тој е осомничен дека сторил продолжено кривично дело измама, а доколку биде прогласен за виновен на судење би можел да помине шест месеци до пет години зад решетки.
Be the first to write a comment.