Повторно во бугарското Народно Собрание ексалираа тензии и за малку не дојде до тепачка, објавија бугарските медиуми нагласувајќи дека повторно во центарот на случувањата се пратениците од „Продолжуваме со промените“ и „Преродба“.
Овојпат главни актери беа Искрен Митев, кому не му е првпат да се судри со колегите од „Преродба“ и Цончо Ганев.
По размена на реплики, претседателот на Собранието, Мирослав Иванов, го предупреди Ганев дека ќе го избрка од салата.
-Повторно нема да се занимаваме со панаѓури и недолично однесување на народните избраници“, рече Иванов.
Од салата се слушаа и и извици: „Повикајте психијатри“.
Од собраниската говорница на претседателот на Народното собрание му се обрати лично лидерот на „Преродба“ Костадин Костадинов.
„Пред малку имавте многу грда инцидент и бевме сведоци на тоа, го слушнавме. Нема да ги повторам грдите зборови што ги кажа еден од народните избраници – се вика Искрен Митев. Ова не е првпат, туку рецидив. Не е важно кон кого е кажано. Никој не може да пцуе во оваа сала и ве молиме преземете мерки. Ова е апсолутно неподносливо“, рече Костадинов.
Be the first to write a comment.