Во Битола на 90 годишна возраст почина Александар Поповски поранешен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Битола, кој ги организирал познатите средби во Трново.
Александар Поповски (15 февруари 1932, с. Долно Котoри, Леринско – 13 ноември 2022, Битола) македонски партизан, учесник во Граѓанската војна во Грција.
Александар потекнувал од револуционерна фамилија. Тој во партизани заминал на 17 години, бил во составот на младинска елитна чета и учествувал во сите поголеми битки. Бил апсен, мачен… Во 1947 година бил курир на партизаните, а од март 1948 година се борел. Учествувал и во битката на Грамос, која започнала на 17 јуни, а завршила на 21 август.
На 24 септември Александар бил тешко ранет. По лекувањето во Албанија, се вратил повторно назад и се борел во четата на Ѓорѓи Пејков. Учествувал во трагичната битка за Лерин.
Александар Поповски неколку години во Ташкент ги чувал првите луѓе на КПГ и генералите што се повлекле по поразот. Поповски во Ташкент останал 9 години, каде што се школувал во тамошната воена академија.
Be the first to write a comment.