Моника Сиријани, ѕвездата на италијанскиот Голем брат, починала откако колабирала за време на ноќно излегување, објавија локалните медиуми.

Како што е соопштено, на оваа 37-годишна девојка во петокот вечерта ненадејно и се слошило додека била излезена со пријателите, по што итно била пренесена во болница.

Лекарите можеле само да констатираат смрт.

Поранешната ТВ ѕвезда се појави во 12-тата сезона на италијанската верзија на реалното шоу Велики Брат, кое се емитуваше помеѓу 2011 и 2012 година.