13-годишно момче е убиено во средата во руски ракетен напад додека чекал автобус во близина на џамија во источниот украински град Харков, соопштија локалните власти.
По нападот, таткото на тинејџерот клекнал, држејќи го за рака својот починат син, чие покриено тело лежело на улицата во близина на уништената автобуска станица, покажа фотографија на Ројтерс.
Тој само клечеше и се молеше
– Таткото само седеше до својот мртов син и се молеше, се молеше, се молеше… додека брзата помош не дојде да го однесе телото на момчето – напишаа на Твитер очевидците на оваа шокантна сцена.
Според извештаите, спасувачите однеле уште едно тело на носилки, додека блиската џамија била тешко оштетена во гранатирањето.
Олег Синехубов, гувернер на Харковската област, изјави дека во средата во Харков биле убиени три лица – тинејџер, маж и жена, но не е јасно дали сите тројца загинале на автобуската станица.
Во нападот е ранета и сестрата на момчето
Тој рече дека е ранета и 15-годишната сестра на загинатиот тинејџер, но не ги именуваше.
– Ова е уште еден страшен терористички чин на Русите – напиша Синегубов на апликацијата за пораки Телеграм.
Русија, која ја нападна Украина на 24 февруари, веднаш не го коментираше инцидентот. Таа негираше дека намерно гаѓала цивили, иако руските ракетни напади ги опустошија украинските градови и населени места.
Во посебна објава на Телеграм, локалното обвинителство соопшти дека верува дека ракетите биле истрелани од повеќецевен ракетен фрлач Ураган.
Харков, вториот по големина град во Украина, го издржа нападот на руските војници кои стигнаа до предградијата во првите два месеци од инвазијата, но забележа речиси секојдневно гранатирање во текот на изминатиот месец по период на релативно затишје.
Be the first to write a comment.