Четиринаесетгодишното девојче, ќерка на одбојкарот и тренер Драган Кобиљски, која настрада кога 13-годишиот Коста на 3 мај уби осум негови врсници и чувар на основното училиште „Владислав Рибникар“, денеска беше погребана на Централните гробишта во Белград.
На погребот, говор одржа монахот Иларион и рече дека ова девојче храбро застанало пред момчето-убиец и така спасило животи на многу деца.
– Денеска ми е исклучително тешко да зборувам. Од оваа мака и болка се молиме Бог да им даде сила на родителите, да продолжат да живеат за Ема. Таа е херој и не случајно паѓаат најдобрите, за да можеме да продолжиме да живееме поради нивната жртва. Треба да се молиме и за момчето и неговата несреќна душа.
Таа застана на патот на злото што беше во тоа несреќно момче и рече: „Зошто го правиш тоа, престани“, и даде време да се спасат некои деца. Кога ќе се сретнеме во другиот свет, ќе кажеме благодарам што не бранеше и заштитуваше. Исто како Драган, за кого велат дека бил најдобар човек во тоа училиште – гласеа неговите зборови.
Be the first to write a comment.