Од НАТО велат дека победата на Украина на Евровизија покажува поддршка од јавноста за таа земја.

Ставот го соопшти заменик-генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана. Вели дека Русите ја започнале најбруталната и цинична војна од Втората светска војна.

„Вчера видовме огромна јавна поддршка низ Европа… Се разбира, песната беше фантастична, фантастична е“, рече тој.