Станија Добројевиќ (37) може да се пофали со извајано тело и бујните облини, но очигледно покрај тренинзите и правилната исхрана, за нејзиниот изглед е заслужна и генетиката.

Имено, тоа го потврди нејзината мајка Славица која иако го прослави својот 58 роденден, а може да се пофали со одлична фигура. Мајката на Станија на својот Инстаграм објави неколку фотографии во костим за капење и во таа прилика го покажа своето згодно тело и во зрели години.

Добројевиќ нема ни грам сало вишок, бикинито го истакнува нејзиното затегнато тело, рамниот стомак, тесниот струк и доволно големите облини, а на нејзиниот изглед дефинитивно можат да и позавидат и многу помлади жени.

Инаку, Станија како мала го загубила татко и кој загинал за време на војната во Хрватска, а неа и нејзиниот брат ги одгледала нивната мајка која на старлетата и била голема поддршка во животот, па старлетата секогаш истакнува дека таа е херој.

„Татко ми беше херој, храбар пред смртта, но мајка ми е херој на несреќната судбина и на самиот живот“ – изјави во една прилика Станија.

📸