Загрепчанец во подземна гаража на Пешќеница имал необична средба со животно налик на змија, кое потоа го прекрил со кутија и го повикал експертите од засолништето за бездомни животни „Азил Думовец“. Кога пристигнале на терен, тие биле изненадени од глетката.
– Оваа пролет се уште не сме почнале да добиваме пријави за змии. Затоа бевме изненадени од повикот, но веднаш отидовме на интервенција. Колега од теренската екипа сомнително ја подигна кутијата и имаше што да види! Видовме БЛАВОР на подот, гуштер налик на змија долг 70 сантиметри – напишаа на Фејсбук.
Тие додаваат дека овој прекрасен рептил не е од ова поднебје, туку живее во области покрај морето. Претпоставуваат дека најверојатно се вовлекол во нечија кола и се упатил кон Загреб.
Блаворот моментално се наоѓа во центарот за закрепнување на диви животни на Зоолошката градина на Град Загреб, а откако ветеринарите ќе утврдат дека е здрав, ќе го вратат во неговото живеалиште.
Be the first to write a comment.