При апсењето, полицијата во Берлин убила 23-годишен маж од Косово, осомничен дека претходно со секира убил жена од Украина, пренесува порталот „Косово онлајн“.
Полицијата соопшти дека делото се случило утрово на деветти кат од станбената зграда.
– Во недела околу 7:40 часот се случи убиство во берлинскиот кварт Лихтенберг – изјави портпаролот на полицијата.
Тој додаде дека првите сомнежи се дека дошло до сериозен инцидент по расправија на пар кој живеел на деветти кат.
– Кога службите за итна помош пристигнале на местото на настанот, мажот ја удрил жената со секира, па полицајците употребиле огнено оружје, се вели во соопштението на полицискиот портпарол Мартин Дамс.
Тој нагласи дека во моментот кога полицијата пристигнала на местото, маж од Косово до смрт претепал Украинка.
Според очевидци, мажот и жената се расправале пред инцидентот. Жената од Украина имала 27 години.
Be the first to write a comment.